| четврток, 6 декември 2018 |

Клинсман: Германија е главен фаворит на Светското првенство

Легендата на германскиот фудбал и селектор на репрезентацијата на САД, Јирген Клинсман, изјави дека Германија е фаворит број еден за освојување на Светското првенство што оваа година ќе се одржи во Бразил.

– Мојата генерација ја освои титулата во Италија во 1990 година. Уверен сум дека оваа генерација ќе биде следната која ќе го направи тој успех – изјави Клинсман.

САД на СП ќе игра во група заедно со Германија, а Клисман истакна дека тој и неговиот советник Берти Фокс ќе одат на победа во дуелот против неговите сонародници.

– Мислам дека Германија до натпреварот со САД веќе ќе биде квалификувана во следната фаза од натпреварувањето – додаде Клинсман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top