| четврток, 6 декември 2018 |

Собранието ќе ги пополнува испразнетите министерски ресори

Собранието денеска треба да гласа за попoлнување на испразнетите места во Владата, по оставките на вицепремиерот за евроинтеграции Теута Арифи и на министерот за локална самоуправа Невзат Бејта, кои се кандидираа за градоначалници на претстојните локални избори

99186756
Според предлогот што до Собранието го достави премиерот Никола Груевски, со евроинтеграциите треба да раководи Фатмир Бесими, актуелен министер за одбрана, а нов министер за локална самоуправа Тахир Хани, сега заменик-министер за транспорт и врски.

Пратениците треба да се изјаснат и за избор на нов министер за одбрана по испразнетото место на таа функција заради ротирањето на Бесими во ресорот евроинтеграции. Предлогот на премиерот е со одбраната да раководи Талат Џафери, координатор на пратеничката група на ДУИ.

Народните избраници треба да гласаат и за испразнетите места на земениците министри за внатрешни работи, за транспорт и врски, и за финансии, на кои функции според предлогот на премиерот  треба да стапат Земри Ќамили, Џељаљ Бајрами, досегашниот заменик за внатрешни работи, и Ардиан Џеладини.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top