Чесите сѐ уште се лидери во Европа по потрошувачката на пиво иако податоците покажуваат дека се намалува бројот на испиени литри пиво од пред десет години. Ако во 2003 година, секој Чех пиел по 160 литри во текот на годината, минатата година просечен чешки граѓанин испил 144 литри.
Според истражувањето, намалувањето на бројката не се должи на намаленото производство на пиво, туку побарувачката во рестораните опаѓа.
Исто така, и извозот на пивото во странство расте, па лани биле извезени 3,5 милиони хектолитри, што е за девет отсто повеќе од пред една година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.