| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкулоска: Продолжуваме со мерките за поддршка на образованието

Gordana-Jankuloska

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која заедно со министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денеска присуствува на отворањето на Деновите на образование и кариера, истакна дека е голем интересот на младите посебно на матурантите за можностите кои ги нуди Владата за нивното образование.

– Во новата четиригодишна програма на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваме со мерките за поддршка на образованието, продолжува мерката за стипендирање на секој поединец кој ќе успее да се запише на 100-те најдобри универзитети во светот, со целосно покривање на сите трошоци на студирање или на 200-те најдобри универзитети во областа на техничките науки – посочи Јанкулоска.

Јанкулоска нагласи дека ќе продолжат и со поддршка на студентите во Македонија бидејќи, како што рече, ништо не може да го замени знаењето, и тоа е единственото нешто што е капитал на поединецот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top