Кривична пријава за три кривични дела тешка кражба на дрзок начин, заработи 22-годишниот М.Ѓ., за кого постои сомневање дека украл околу 95 000 денари.
Од страна на Судија во претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.
Пријавениот кривичните дела ги извршил на подрачјата на општините Карпош, Кисела Вода и Центар, и тоа две на почетокот на месецов (во временски период од два дена) и едно во минатиот месец. Кривичните дела ги извршувал на идентичен начин, насилно со употреба на физичка сила при што одземал во два случаи златни лачниња, а во еден случај чанта.
На 21 март околу 18:20 часот, на бул. „Франклин Рузвелт“ пред зграда бр.46, ѝ се доближил на оштетената Р.Ч. од зад грб, насилно влеќејќи ја за рака и ја одземал торбата со натпис „Зегин“ (во која имало: една маица, еден фустан, паричник во кој имало 300 евра , 8.000 денари, три дебитни картици од Комерцијална банка и една неважечка картичка од Стопанска банка, трансакциона картичка од Комерцијална банка и лична карта на име на оштетената) со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 30.000 денари, по што избегал во правец на бул. “Партизански Одреди“.
Второто кривично дело го извршил на први овој месец околу 19:30 часот, на ул. „Виктор Иго“ во близина на стара “Рампа“ во Кисела Вода пред продавница „Да-ми“. Кофа Н.К. му се доближила пред продавницата пријавениот зборувајќи на мобилен телефон, во еден момент ја прашал нешто за да ѝ сврти внимание, по што откако истата му одговорила, пријавениот насилно од вратот ѝ го одзел златното ланче со привезок по што избегал кон ул.„Невена Георгиева“. Со стореното кривично дело пријавениот се стекнал со против правна имотна корист од околу 20.000 денари.
Третото кривично дело го извршил два дена подоцна, односно на 3 април, околу 17:45 часот, на бул.„Метрополит Теодосиј Гологанов“ во близина на детската градинка „13-ти Ноември“. Пријавениот учтиво ја прашал нешто оштетената И.Н., а во тој момент друго непознато машко лице (кое било заедно со пријвениот), насилно од вратот ѝ одземал две златни ланчиња на кои имало два привезока по што избегале во правец на ,,АМСМ“, со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 45.000 денари.
На 4 овој месец во службените простории на ПС од ОН “Бит Пазар“ пријавениот М.Ѓ. е повикан и со истиот е извршен разговор. Истиот ден, по консултација со дежурен Јавен обвинител, пријавениот е задржан во ПСОН „Бит Пазар“ и во негово присуство од страна на оштетените извршено е класично непосредно препознавање каде оштетените со сигурност го препознале М.Ѓ. како сторител на кривичните дела.
За извршеното препознавање од страна на Единицата за увид на местото на настанот изготвен е видео запис за ште е изготвено ЦД со снимен видео материјал. Инаку, според евиденциите на МВР, М.Ѓ. евидентира како познат сторител на кривични дела од имотни деликти и против истиот се поднесени три кривични пријави и во еден случај изречена му е мерка Засилен надзор од родител или посвоител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.