| четврток, 6 декември 2018 |

На Светското првенство може секс, но не и мобилни

Селекторот на репрезентацијата на Костарика, Хорхе Луис Пинто, на неговите играчи им забрани користење мобилни телефони за време на Светското првенство во Бразил, но им дозволи секс.

Костарика доби многу тешка група, во која се сместени Италија, Англија и Уругвај, па затоа селекторот Пинто бара максимална концентрација од своите фудбалери.

– Мобилните телефони ќе бидат забранети пред натпреварите. Откако ќе го одиграат мечот, ќе можат да ги земат. Што се однесува до сексот, тој е дозволен. Тоа е сосема нормална и релаксирачка активност – изјави Пинто.

– Ми се допаѓа групата, не се плашиме од противниците и тие се фудбалери. Не се вонземјани. Можеме да играме против секого – додаде Пинто.

Костарика го отвора СП на 14 јуни против шампионот на Јужна Америка, Парагвај, а потоа следат и натпреварите против Италија и Англија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top