Со новата програма ветуваме дека во предвидениот рок од три години ќе заврши изградбата на автопатот од Скопје преку Свети Николе до Штип, вети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот кој вечерва во Струмица го одржа партијата која ја предводи Коалицијата „За подобра Македонија“.
-Во 2017 ќе започне градбата на експресниот пат со четири ленти од Штип до Радовиш и ќе се спои со новоизградениот пат меѓу Радовиш и Струмица кој значително ја зголеми безбедноста на патувањето во кој вложивме 8 милиони евра за изградба на тие 10 километри – нагласи Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред струмичани ја промовираше новата програма „Проверено“ за периодот 2014-2018 за која истакна дека е најобемната и најдобрата програма некогаш понудена во Македонија.
-Во новата програма планираме и засилени инвестиции за проширување и рехабилитација за сите постојни хидро системи во државата кои што се запуштени. Направивме десет годишен план и секоја година утврдивме колкав буџет ќе ни треба за десет години, не само да ја обновиме и рехабилитираме мрежата за наводнување, туку да градиме и нови мрежи како примарна така и секундарна и терцијална мрежа за наводнување – посочи Груевски.
Груевски најави инвестициски проекти за наводнување на нови 24.350 хектари земјоделско земјиште на територијата на цела Македонија и истакна дека овој проект ќе се спроведе бидејќи знаат дека тоа во моментов тоа е еден од најгорливите проблеми на земјоделците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


