| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдени деловите од метеорот што падна во Русија

Деловите од метеорот што во петокот се урна во Русија се пронајдени во близина на замрзнатото езеро крај градот Чебаркула, јавува Би Би Си.

Првично се претпоставуваше дека парчињата од вселенското тело паднале во езерото, но по дводневната потрага нуркачите таму не пронајдоа ништо. Според руските научници метеорот во себе содржел 10 проценти железо.

-Тукушто ја завршивме студијата.  Врз основа на честичките што ги пронајдовме можеме да потврдиме дека навистина станува збор за метеор. Тоа е обичен каменест метеорит кој содржи десет проценти железо. Најверојатно ќе го наречеме Чебаркул метеорит, рекол научникот Виктор Гроховски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top