Клоци, шлаканици и гризења добиле здравствени работници на дежурство во делчевскиот Здравствен дом. Овој пат личната нетрпеливост која една пациентка ја имала кон дежурната докторка во Итната медицинска служба , прераснала во физичка пресметка при која најдебелиот крај го извлекол болничарот кој сакал да ја заштити докторката од бесот на пациентката, пренесуа локалната ТВ „Стар“.
Докторката се жали дека подолго време трпи лични навреди и закани од пациентката и очекува дека конечно институциите ќе ја заштитат.
На последниот инцидент, освен здравствените работници, сведоци биле и пациентите, а на повикот од лекарите реагирала и полцијата.
За овој инцидент веќе се подготвуваат тужби за нервозната пациентка од страна на нападнатите здравствени работници. Случајот е пријавен и во Лекарската комора. Од полицијата го потврдуваат инцидентот и потенцираат дека работат на негово целосно расветлување по што ќе следуваат и соодветни пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


