Македонскиор провајдер на безжичен интернет „SunWireless“ потпиша договор со „SBB“, водечки регионален телекомуникациски оператор и член на “United Group“ најголемата телеком групација во Југоисточна Европа.
Во наредниов период промотивно сите корисници на „SunWireless“ ќе можат со при-пејд картичките кои ги употребуваат во Македонија да користат Wi-Fi сервис и во Србија, користејќи ја хотспот мрежата на Unifi/SBB која брои над 200 хот-зони на голем број ексклузивни локации.
– Среќни сме што на нашите корисници успеавме да им обезбедиме квалитетен Wi-Fi сервис секогаш кога ќе престојуваат во соседна Србија и посебна чест ни е што соработуваме со SBB како еден од водечките оператори во регионот. Се надевам дека оваа соработка ќе се развива и во иднина пред се на задоволство на клиентите на двете компании – изјави Душко Кончалиев, извршниот директор на „SunWireless“.
Со овој договор, „SunWireless“ продолжува да ја шири својата роаминг хотспот мрежа во регионот и на своите корисници да им обезбедува квалитетен сервис на безжичен интернет секаде каде што се тие присутни, велат од компанијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


