| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Ќе се реализираат инфраструктурни проекти за развој на Центар Жупа и Дебарско

Реализација на три инфраструктурни проекти  значајни за Центар Жупа и за Дебарско, содржани во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, најави Антонио Милошоски, носител на ИЕ 5 на ВМРО-ДПМНЕ, при денешната посета на Центар Жупа.

3milososki500

Милошоски информира дека ќе се градат патиштата Извор-Бошков мост-Гари, Бошков мост-Дебар и Мелнички мост-Центар Жупа.

milososki5000

– Преку дополнителна странска донација и помош од Република Турција ќе го направиме патот и од Центар Жупа до Коџаџик и Новак – рече Милошоски.

Според него, со најавените проекти ќе се заокружи патната инфраструктура во  тој  дел од државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top