| четврток, 6 декември 2018 |

Го издрогирал, па ограбил чичко му

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.К. (19) и А.Р. (18), двајцата од с.Лојане, за сторено кривично дело разбојништво.

На 4 април годинава, околу 12:00 часот пријавените отишле во с.Лојане во куќата на М.А., чичко на второпријавениот, му дале напиток во кој претходно ставиле средство за заспивање, по што откако истиот заспал му одзеле 400 евра.

Од страна на судија на Н.К. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top