| четврток, 6 декември 2018 |

Легендарниот пливач Јан Торп на интензивна нега- може да остане без рака

torp

Легендарниот австралиски пливач Јан Топр (31) се наоѓа на интензивна нега во болница во Сиднеј каде што лекарите се обидуваат да му ја спасат левата рака откако добил инфекција по операцијата на рамото во Швајцарија.

Торп според австралиските медиуми од пред неколку месеци паднал во депресија поради болките во левото рамо.  По операцијата извршена во Швајцарија дошло до компликации, а сега е на терапија во Австралија за да се спречи губење на раката.

Најголемите успеси во кариерата Торп ги имаше на Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година, на кои освои три залта и две сребра, а вкупно во кариерата има пет олимпсики златн медали.

По повлекувањето од пливањето во 2006 година, пред три години Торп се обиде да се врати во светскиот врв, но не успеа да освои место во австралиската репрезентација за настап на ОИ во Лондон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top