
Шведските служби за безбедност тврдат дека Русите се подготуваат за војна.
Шефот на безбедносната агенција Вилхем Унге, рече дека кризата во источна Европа претставува најголема безбедносна закана по светот и дека е зголемена комуникацијата во руската известувачка служба, која се обидува да регрутира шпиони.
Швеѓаните ги поткрепуваат овие тврдења со минатогодишната симулација на напад на руската авијација на регионот околу Стокхолм, ноќта меѓу 28 и 29 март.
-Вие не спроведувате вакви припреми, освен ако навистина не планирате да тргнете во напад во иднина – рече Вилхелм.
Тој, руските воени подготовки ги опиша како загрижувачки за Шведска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


