– Ја воведовме иницијативата, преку спортот младите да учат да се почитуваат меѓусебе, да го почитуваат противникот и да го учат бон-тонот. Во Македонија има различни етнички групи и религиозни групи. Но кога создаваме тим, мора да знаеме како да дојдеме до победа. Истоврмено и да го почитуваме противникот. Да ги почитуваме правилата на игра. Кога ќе го научиме тоа во животот, ќе знаеме како да ги почитуваме и другите. Затоа е важно и младите да ги воведеме во тоа – изјави Ѓорге Иванов, претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ пред граѓаните на Неготино.
Иванов нагласи дека особено внимание било посветено на студентите, потенцирајќи дека оствариле средба со сите најдобри студенти, од сите државни универзитети, се со цел да ги пренесат нивните ставови и да разберат со што се соочуваат при нивното студирање, како тие ја гледаат својата иднина и како можат да придонесат за Македонија.
Иванов истакна и дека вратите на неговиот Кабинет биле постојано отворени не само за студентите туку и за сите граѓани, за нови идеи и нови иницијативи, потенцирајќи дека во изминативе 5 години во неговиот Кабинет примил над 5 илјади граѓани од Македонија.
– Отворивме и народни канцеларии, да можат граѓаните да се запознаат со институцијата Претседател. Да доставуваат свои мислења, предлози, претставки. Затоа довербата на граѓаните во институцијата Претседател се зголемува. Затоа што сум бил и сум останал како еден од вас. Човек од народот – за народот. Бев во многу светски метрополи, посетив многу пријателски земји. Воспоставувавме нови пријателства. Отворавме нови пазари за нашите производи. Оставрувавме и средби со наши луѓе кои се успеале во светот и им кажувавме дека стоиме зад нив. Во секоја моја делегација, ме придружуваа и претствници од бизнис секторот, рече Иванов.
Додаде и дека организиравле бизнис форуми, за странските инвеститори да можат се запознаат со потенцијалите на македонското стопанство и на тој начин да помогнат, да се воспостави поголема трговска размена со нивните земји.
– Остваривме многу иницијативи и спроведовме многу конкретни мерки. Така се работи за Македонија. Со љубов и посветеност сме посветени на Македонија. Минатиот пат ви ја претставив мојата програма со која што сакам да го добијам вашиот глас на следните избори. Да ви кажам дека не само тоа што сум го сработел, со ист интензитет, и со многу, многу нови проекти, ќе работам во следните пет години. Да работиме посветено, да работиме сложно, порача Иванов од Неготино.
Иванов посочи дека во изминатите години покажавле дека сите институции во државата можат да соработуваат за доброто на граѓаните.
Покажавме дека секој пат сме со граѓаните. И јас, и премиерот, и министрите. Ги знаеме потребите на нашите граѓани, знаеме што ги тишти и ги знаеме проблемите со кои се соочуваат. И затоа на секое ваше барање нудиме решенија. Работевме сложно и единствено. И затоа ја добиваме довербата. Имаме еден глас кога ја претставувавме државата, а не како порано, секоја институција да има свој став и свое гледање. Покажавме дека кога се работи тимски се постигнуваат резултати и доаѓаат признанија. Граѓаните за овие изминати години добро можат да направат разлика. Кој ја почитува, кој ја сака државата, а кој мисли само на себе. И затоа мотото на мојата кампања е „дека државата ни е пред се, Македонија ни е пред се“. Затоа кампањата на кандидатите за пратеници е „дека има разлика“. Самите вие ја гледате разликата, рече Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево