| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе исчезнат бананите, ќе завладее глад?

bio_banani-290108

Бананите, едно од омилените овошја и четврта прехранбена намирница во светот би можеле наскоро да изумрат, предупредија претставниците на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ОН), јавува „Ројтерс“.

Бактерии ги нападнале посевите банани кои се наменети за извоз во Мозамбик и Јордан. Научниците се плашат дека бактериите можат да се прошират и на тој начин да ги загрозат најпопуларните видови банани познати под името кавендиш.

Бактеријата, која е пронајдена на неколку плантажи, предизвикува неизлечива панамска болест поради која корените на бананаите умираат.

Во педесетите години на минатиот век бактериите сосема го истребија видот банана Гро Мишел, кој ја наследи видот кавендиш.

Стручњаците тврдат дека е доволно само мал дел од контаминираното земјиште да се рашири на целиот континент.

Научниците истоврмено апелираат на зачувување на дивите банани во Индија, кои се генетска база за комерцијалните банани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top