Откриен е секс-скандал во американскиот конзултат во Неапол каде што конзулот Доналд Мур, во текот на својот мандат од 2010 го 2013 година, ја претворил дипломатската мисија во приватен бордел.Според сведочењата, водечка улога во сексуални игри со локални проститутки, имал токму конзулот Мур, кој во својот апартман знаел да донесе дури и по три наеднаш.
Заради тоа, дури наредил и да се изгради посебен лифт кој водел токму кон неговиот апартман.
– Жените се како гуми за џвакање. Создадени се да ги џвакате, а потоа да ги плукнете – велел тој пред вработените во конзулатот.
Некои од нив поднеле тужба против конзулот и дале изјави за весникот „Њузвик“.
– Тоа е најодвратното место на кое досега сум работел – изјавил еден од вработените.
Мур, наводно, освен со проститутките, сакал секс и со вработените. Една преведувачка останала бремена откако ја принудил на секс, а потоа и на абортус.
Во Стејт департментот, во Вашингтон, ги отфрлиле наводите и најавиле правна битка за заштита на честа на својот дипломат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.