Изборот на овие парламентарни избори е правењето разлика помеѓу празните ветувања и нереални проекти на СДСМ и програмите на ВМРО-ДПМНЕ и нашата коалицијата, за кои е проверено дека во континуитет граѓаните ќе можат да видат резултати и остварување на ветеното. Нашата програма е направена со конкретни рокови за реализација на проектите и нивни носители. Само делот на проекти од инфраструктурата во нашата програма е на четириесетина страници, за споредба проектите наведени во делот на инфраструктурата во програмата на СДСМ се на неполни 2 страници, истакна на денешната прес-конференција министерот Миле Јанакиески.
– Во мандатите зад нас, реализиравме огромен број на инфраструктурни проекти – нашите градови и слеа добија нови ликови – и видливо подобрена инфраструктура, како патна, така и комунална. Во меѓувреме работиме на капитални инфраструктурни проекти во оваа сфера, со најголеми инвестиции до сега во историјата на земјава и тоа во делот на патната, железничката, комуналната и енергетската инфраструктура. Како никогаш порано се градат патишта, водоводни и канализациски системи онаму каде претходно ги немало, а дотраените се реконструираат. Овие капитални инвестиции придонесуваат кон подобар економски развој и зголемување на животниот стандард на нашите граѓани, но исто така и нови вработувања – рече Јанакиески.
Тој ги претстави бројните проекти од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за периодот 2014-2018 година, кои ги ветиле пред граѓаните на Република Македонија.
– Во делот на патната инфраструктура, ветуваме дека ќе ја завршиме изградбата на трите автопати кои се веќе отпочнати, а тоа се автопатите: Демир Капија-Смоквица, долг 28.2 км; Скопје-Штип, долг 47 км и Кичево-Охрид, со должина од 57 км. Исто така, предвидена е изградба на автопат од Требеништа до Струга, како дел од патниот Коридор 8. Дополнително на ова, идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ по пат на јавно-приватно партнерство ќе бара инвеститори за автопатите Гостивар-Кичево и Скопје-Блаце. Целокупната документација е во фаза на подготовка – истакна министерот.
Исто така, предвидена е рехабилитација, доизградба, надградба или проширување на 30 патни правци, меѓу кои: автопатот Велес-Катланово – како продолжување на проектот кој го завршивме, а тоа е рехабилитацијата на автопатот на спротивниот правец од Катланово до Велес; рехабилитација на автопатите на правците Смоквица – Гевгелија, Неготино-Демир Капија и Куманово-Миладиновци. Опфатени се и патиштата: Битола-Ресен-Буково, Ново Село-Маврово-Жировница, Делчево-Голак, Мокрино-Смолари, Нов Дојран-Николиќ, Мелнички мост-центар Жупа, Пробиштип-Пониква, Лажани-Ропотово-Црнилиште, Кривогаштани-Обршани-Воѓани, Тетово-Пирок-Гостивар, Попчево-Белотино-Рич, Карбинци-Зрновци-Виница, Кавадарци-Неготино, Пробиштип-Крупиште-Штип, Струмица-Ново Село-граница со Бугарија, Тетово-Брвеница-Чегране-Гостивар, Скопје-Сончев Град, Липково-Арачиново, Македонска Каменица-Делчево, Кичево-Дебар, како и патиштата до Чучер Сандево, Брајчино и Могорче, потоа клучката Брвеница и патот Штип-Кочани, кој ќе биде проширен до ниво на експресен пат.
Сите овие патишта се дел од нашата програма и за секој има рок на реализација и проектиран буџет.
Освен ова, предвидени се 5 експресни патишта: од Куманово до границата со Бугарија, Охрид-Пештани, Штип-Радовиш, Велес-Штип и Градско-Росоман-Дреново-Прилеп.
Нашата програма содржи изградба и на сосема нови патни правци на делниците: Тораница-Саса, односно од Крива Паланка до Македонска Каменица, од Коњух-Бељаковце – односно од Кратово до Куманово, од Старо Коњарево до Ново Коњарево, Опае-Бељаковце-Станиќ-граница со Косово, клучката Смилковци на обиколницата на Скопје, пат до граничниот премин со Србија, односно Голема Црцорија-Голеш, како и изградба на пристапен пат до откупно-дистрибутивниот центар „Макази“ во Ресен.
Во меѓувреме, предвидено е продолжување на исклучително успешниот проект за изградба на локални патишта, при што во 2014 и 2015 година се планира изградба на 122 локални патишта со вкупна должина од 200 км, а ја продолжуваме и реализацијата на проектот за зајакнување на мостовите со кој се опфатени уште 13 мостови долж Коридорот 10.
Освен подобрувањето на патната инфрструктура, предвидуваме политики и мерки за поефикасен транспорт, како што е изградбата на логистички центри на граничните премини и поголемите градови, преку јавно-приватно партнерство; имплементација на интелигентен транспортен систем на патиштата за следење на условите на патиштата, како и електронско поврзување на Министерството за транспорт и врски со Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за внатрешни работи, со цел олеснување на постапките во делот на транспортот за граѓаните.
Во железницата, продолжуваме со крупните инвестиции. Пругата кон Бугарија, која на нашите граѓани им ја ветуваа со децении, сега конечно се гради. Наша цел е Република Македонија да се поврзе железнички со Република Бугарија до 2022 година.
Железничкиот транспорт ќе добие нов возен парк со 6 модерни патнички гарнитури, реконструирани локомотиви, како и 150 товарни вагони. Ќе продолжиме и со реконструкцијата на железничкиот дел од Коридорот 10 во Македонија.
Во нашата програма се и проекти кои се однесуваат на подобрувањето на ликот и условите на железничките станици во Скопје, Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино-Вардар.
Во делот на комуналната инфраструктура, продолжуваме со имплементацијата на значајниот проект за водоснабдување и одведување на отпадни води во вредност од 50 милиони евра, со кој се подобруваат условите и се менуваат ликовите на местата каде до сега немало комунална инфраструктура.
Еден од значајните сегменти, на кој исто така му посветуваме внимание е домувањето. Продолжуваме со реализацијата на проектот за изградба на социјални станови. Дополнително на ова, предвидена е и изградба на објекти со станови за млади брачни двојки, лица со посебни потреби, самохрани родители и деца без родители и родителска грижа.
Со програмата, во која се поместени реални и остварливи проекти, за кои даваме конкретен рок за реализација, во доменот на инфраструктурата се предвидени и изградба на жичница од Капиштец до Средно Водно, која ќе се надоврзе на веќе постојната до Милениумскиот крст; пешачки патеки, хортикултурно уредување и осветлување на езерата во Дојран, Маврово и Берово, како и делови од езерата Козјак, Преспанско и Охридско Езеро, како и уредување на плажите на трите најголеми езера со цел подобрување на климата за развој на туризмот, односно збогатување на туристичките содржини.
– Ова е само издвоен дел од она што го содржи нашата програма во однос на проектите кои ги ветуваме пред граѓаните во областа на инфраструктурата. Времето покажало, а и граѓаните знаат дека ние сме од збор и секој ветен проект го реализираме, но во исто време знаеме и да имплементираме проекти кои се надвор од програмата, а произлегуваат од потребите на граѓаните. Затоа, ги охрабрувам сите да ја прочитаат оваа програма и да направат разлика, врз основа на искуството од изминатите години, односно на денот на изборите да одберат продолжување на развојот и подобрување на стандардот преку проектите на ВМРО-ДПМНЕ – порача Јанакиески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Власта преку судот се изживува врз Јанакиески и Божиновски – тврди адвокатот Миланов!
-
Јанакиески и Божиновски во понеделник на јавна седница ќе бараат укинување на притворот
-
Повлечени 10 проекти од Годишната програма за култура
-
ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики на Владата се покажаа како погубни за македонската економија и бизнис секторот



