Носителката на изборната единица 2, Гордана Јанкулоска, денеска оствари средба со пензионерите од општина Бутел.
На средбата Јанкулоска ја истакна заложбата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за грижата и заштитата на пензионерите, која се потврдува преку големиот број мерки и активности спроведени во изминатиот период.
– Денеска со кандидатот за претседател, Ѓорге Иванов, се сретнавме со пензионерите од Бутел. Во изминатиот период просечната пензија ја зголемивме за 62 процента, Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе ги зголемува пензиите по 5 проценти годишно, со исплатата на пензијата за јуни, вкупното зголемување на пензиите за четири години ќе изнесува 21,5 процент – рече Јанкулоска.
Таа потенцираше дека Македонија е една од ретките земји што не ја зголемија старосната граница за пензионирање и која, и во услови на економска криза и рецесија, ги зголеми пензиите наместо да ги намали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






