
Антонио Милошоски, носителот на кандидатската листа за пратеници на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица, денеска ќе биде во посета на Кичево и на околината.
Предвидено да се сретне со жителите на с. Вранештица, а во 13.30 часот ќе се упати на прошетка низ централното подрачје на Кичево каде што, заедно со кандидатите за пратеници од Кичево Благоја Деспотоски и Ѓорѓија Сајкоски ќе имаат можност да поразговараат со граѓаните на овој град.
Милошоски во 15.30 ќе оствари средба со граѓани во МК Раштански пат, а, исто така, во рамките на оваа посета е предвидена и средба со жителите на с. Другово во 17.15 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


