| четврток, 6 декември 2018 |

Пендаровски: Не можам да ви го кажам мојот став за името (видео)

pendarovski 3 (Custom)

Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, повторно без јасен и концизен став за прашањето за името при неговото гостување на „24 Вести“.

Пендаровски не го откри неговиот личен став за името, туку само го повтори тоа што јавноста веќе го знае, дека се залагал за државен консензус и државен став.

На прашањето на новинарката дека за неа е нејасно како Пендаровски ќе постапи на состанок кога ќе се прави државна стратегија и кој е неговиот став за името, Пендаровски вели дека не може да го каже тоа.

– Јас морам да добијам легитимност од македонските граѓани, јас во овој момент сум само кандидат, јас не можам да ви го кажам тоа – изјави Пендаровски, на што доби констатација дека сите граѓани ќе треба да знаат што избираат и кого избираат. Сепак, Пендаровски повторно избега од директен одговор и рече дека македонските граѓани доволно знале дека тој во овој момент се залагал за државен консензус и државен став.

Токму поради ваквите нејасни ставови за прашањето за името, Пендаровски за грчките медиуми претставува посакуван соговорник за јужниот сосед во разговорите за името. Приспособливоста што ја покажува Пендаровски, наспроти цврстите позиции на Иванов, се доволна причина кандидатот на СДСМ и Зоран Заев да им биде фаворит на Грците на претстојните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top