| четврток, 6 декември 2018 |

Дај петка да пукне

sdsm 3 (Custom)

Вчерашниот митинг на СДСМ беше невиден хепенинг за граѓаните на Република Македонија. Доаѓаа поддржувачи од сите страни на државата, симпатизери кои веруваат во тоа дека СДСМ ќе ја покажат програмата и фанови на Стево. Се собраа и го преполнија плоштадот Пела, немаше место игла да се фрли.

-Првенствено сакавме да се собереме на плоштад Македонија, но кога видовме колку луѓе дојдоа решивме да одиме на плоштадот Пела – рече една пресреќна симпатизерка на СДСМ прашувајќи минувачи каде е плоштадот Пела

Почетокот на митингот бил според протоколот на Белата Куќа, Заев како иден Премиер се шетал меѓу луѓето и уредно се поздравувал и чекорел сигурно. Од Бихачка демантираат дека видеата кои се пуштени на порталите се вистина, сметаат дека е груба монтажа каде се гледа дека Заев доаѓа и се поздравува со членството во стилот „хај фајв“ или попознато кај нас „да пукне“ и воедно го демантираат тоа дека потскокнувал додека правел „да пукне“.

-Тие монтажи се недолични за нашата политичка сцена, ние имаме сериозни политичари а и не се водиме по протокол на третоодделенци кои се радуваат како на голем одмор. Видеата се невистинити – изјавуваат од Бихачка.

Луѓето беа опремени со знамиња, некои дури имаа донесено и македонско знаме. Најголем впечаток ни остави југословенското знаме кое се вееше во првите редови и не потсети на старите времиња на комунизмот кога Македонија не беше самостојна држава.
Спектакуларен беше говорот на Заев, ја објави програмата на СДСМ и потсетуваше на сите успеси кои ги имаат направено СДСМ за нивното владеење. Со оглед на тоа што овие две теми темелно ги образложија во првите пет минути од митингот, продолжија со народски муабет „рекла-казала“ за да се доближат до народот и да им ја приближат нивната политика. Народот беше пресреќен, се дружеа луѓето, сите можеа да се видат, немаше гужвање и Заев им беше на дофат на раката. Пресреќни после митингот изјавија дека едвам чекаат пак да се соберат сите симпатизери на СДСМ на едно место и најавуваат дека следниот пат митингот би бил поброен и најверојатно ќе го преполнат кружниот тек во Дебар маало.

-После ваков митинг и после доминацијата на Стево на дебатата каде што јасно и гласно кажа и амбициозно се наметна дека тој треба да е идниот Претседател со досега невидени реплики према останатите не се сомневаме во победа. Стево беше спремен за секое прашање и сите се уверивме дека страсно се бори за себе, што значи утре и за нас сите, за нашата иднина и нашата држава. Сега знаеме за кого ќе гласаме, има разлика! – изјави еден граѓанин на плоштадот Македонија.

Мила ем весела

 

Мила ем весела

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top