| четврток, 6 декември 2018 |

Старата дама чека нови гости

Ка­ја­кар­ска­та па­те­ка на Ма­тка, крај Скоп­је, по­втор­но ќе би­де до­ма­ќин на тра­ди­ци­о­нал­ни­от Илин­ден­ски ка­ја­кар­ски сла­лом, кој по 46. пат ќе се одр­жи во април, на 12 и на 13. Уба­ва дол­го­го­диш­на тра­ди­ци­ја со ко­ја ре­тко кое нат­пре­ва­ру­ва­ње во Ма­ке­до­ни­ја мо­же да се по­фа­ли. Се оче­ку­ва на­стап на нат­пре­ва­ру­ва­чи од по­ве­ќе од 10 зем­ји, ме­ѓу кои и на­ши­те ре­пре­зен­та­тив­ци Ата­нас Ни­ко­лов­ски, Игор Сте­фа­нов­ски, Бор­че Мир­чев­ски, Иван Де­ли­ев, Ог­нен Бра­жан­ски, Але­ксан­дар Зла­та­ров, Ви­ли Јор­да­нов, Ди­ми­тар Вел­ков и уште не­кол­ку мла­ди и на­деж­ни ка­ја­ка­ри

Ка­ја­кар­ска­та па­те­ка на Ма­тка, крај Скоп­је, по­втор­но ќе би­де до­ма­ќин на тра­ди­ци­о­нал­ни­от Илин­ден­ски ка­ја­кар­ски сла­лом (ИКАС), кој по 46. пат ќе се одр­жи во април, на 12 и на 13. Уба­ва дол­го­го­диш­на тра­ди­ци­ја со ко­ја ре­тко кое нат­пре­ва­ру­ва­ње во Ма­ке­до­ни­ја мо­же да се по­фа­ли. Се оче­ку­ва на­стап на нат­пре­ва­ру­ва­чи од по­ве­ќе од 10 зем­ји, ме­ѓу кои и на­ши­те ре­пре­зен­та­тив­ци Ата­нас Ни­ко­лов­ски, Игор Сте­фа­нов­ски, Бор­че Мир­чев­ски, Иван Де­ли­ев, Ог­нен Бра­жан­ски, Але­ксан­дар Зла­та­ров, Ви­ли Јор­да­нов, Ди­ми­тар Вел­ков и уште не­кол­ку мла­ди и на­деж­ни ка­ја­ка­ри.

На­ји­скус­ни­от ме­ѓу нив, Ата­нас Ни­ко­лов­ски, по па­у­за од ед­на го­ди­на, се вра­ќа на па­те­ки­те ток­му за но­во­то из­да­ние на по­пу­лар­ни­от ИКАС на Ма­тка.

- Се­ко­гаш е пре­диз­вик да се учес­тву­ва на Илин­ден­ски­от ка­ја­кар­ски сла­лом на Ма­тка. Учес­тву­ва­ат од­лич­ни нат­пре­ва­ру­ва­чи и ќе би­де те­шко да се про­би­е­ме ме­ѓу нај­до­бри­те три ка­ја­ка­ри, кои ќе би­дат на по­бед­нич­ки­от по­ди­ум. Ако ос­тва­ри­ме та­кво не­што, тоа би би­ло го­лем ус­пех. Јас се вра­ќам на па­те­ки­те по па­у­за од ед­на го­ди­на и ве­ру­вам де­ка ќе ос­тва­рам до­бар ре­зул­тат. Па­у­зи­рав по­долг пер­и­од по не­ус­пеш­ни­те оби­ди да се ос­тва­ри нор­ма за Лет­ни­те олим­пи­ски игри во Лон­дон. Учес­тво­то на ИКАС ќе ми би­де прв нат­пре­вар по па­у­за­та и е дел од тем­пи­ра­ње­то на фор­ма­та за Свет­ско­то пр­венс­тво во сеп­тем­ври – ве­ли Ни­ко­лов­ски.

sport83-IKAS-3

До­се­га учес­тво нај­а­ви­ја око­лу 100 ка­ја­ка­ри, кои ќе се оби­дат да ја скро­тат пре­крас­на­та па­те­ка на Ма­тка.

- Се ра­ду­вам што ќе про­дол­жи тра­ди­ци­ја­та. Овој ИКАС е 46. по ред, ед­на од нај­ста­ри­те спорт­ски ма­ни­фе­ста­ции во Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја се одр­жу­ва на ед­но од нај­у­ба­ви­те ме­ста во на­ша­та зем­ја, на Ма­тка. Оче­ку­вам бро­јот на нат­пре­ва­ру­ва­чи да би­де по­го­лем, што го­во­ри за зна­че­ње­то и за ре­но­ме­то што го има Илин­ден­ски­от ка­ја­кар­ски сла­лом во европ­ски рам­ки – нај­а­ву­ва Ни­ко­лов­ски ин­те­рес­ни нат­пре­ва­ри на 12 и на 13 април.

Ова нат­пре­ва­ру­ва­ње ќе пос­лу­жи и ка­ко ге­не­рал­на про­ба за след­ни­от ор­га­ни­за­ци­ски пре­диз­вик на Ка­ја­кар­ска­та фе­де­ра­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја. Од 27 ју­ни до 6 ју­ли ќе го ор­га­ни­зи­ра­ме Европ­ско­то пр­венс­тво за ју­ни­о­ри и за се­ни­о­ри до 23 го­ди­ни.

- Ма­ке­до­ни­ја има од­ли­чен реј­тинг во овој спорт, а Ка­ја­кар­ска­та фе­де­ра­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја е ор­га­ни­за­тор на го­ле­ми ма­ни­фе­ста­ции во кон­ти­ну­и­тет. Со до­а­ѓа­ње­то на поз­на­ти­от ка­ја­кар Ла­зар По­пов­ски ка­ко пре­тсе­да­тел во 2010 го­ди­на, до­бив­ме ор­га­ни­за­ци­ја на Европ­ско пр­венс­тво во кон­ку­рен­ци­ја на ју­ни­о­ри и на се­ни­о­ри до 23 го­ди­ни. А, прет­ход­но бев­ме ор­га­ни­за­то­ри и на кон­ти­нен­тал­ни­от шам­пи­о­нат за се­ни­о­ри во 2004 го­ди­на, не­по­сред­но пред по­че­то­кот на Олим­пи­ски­те игри во Ати­на, и на Свет­ско­то пр­венс­тво во 1975 го­ди­на. Европ­ско­то пр­венс­тво во ју­ни е од ви­сок ранг. Ту­ка фа­ктич­ки ќе има два шам­пи­о­на­та, а вкуп­но ќе има­ме око­лу ил­ја­да го­сти, по­го­лем дел од нив ка­ја­ка­ри. Тоа е за­вид­на број­ка и до­бар при­до­нес за по­до­бро за­поз­на­ва­ње на Ма­ке­до­ни­ја и на Скоп­је – ве­ли Ни­ко­лов­ски.

sport83-IKAS-2

Ма­тка ќе би­де во фо­ку­сот на ка­ја­кар­ски­от свет во Ма­ке­до­ни­ја, во ре­ги­о­нот, но и во Евро­па. Па­те­ка­та крај Скоп­је е ед­на од нај­ста­ри­те на кон­ти­нен­тот, се­ко­гаш не­пред­вид­ли­ва, иа­ко на­ви­дум лес­на за скро­ту­ва­ње и ми­ну­ва­ње.

- Па­те­ка­та на Ма­тка е ком­би­на­ци­ја на при­род­на и на ве­штач­ка. Трен­дот е да се гра­дат па­те­ки на ве­штач­ки езе­ра во Евро­па и тие се мал­ку по­и­на­кви. Со пум­пи се вле­че во­да до по­че­то­кот на па­те­ка­та и тоа вр­ти во круг. Не мо­ра да из­ле­гу­ва­те од ча­ме­цот би­деј­ќи ве но­си со лифт до стар­тот на па­те­ка­та. Ма­тка е мал­ку по­раз­лич­на, ту­ка е ед­на од нај­ста­ри­те ве­штач­ки па­те­ки во Евро­па. Си има свој пре­диз­вик иа­ко на­ви­дум е лес­на за ми­ну­ва­ње. До­ста од го­ле­ми­те нат­пре­ва­ру­ва­чи што до­а­ѓа­ле на ИКАС, на ЕП и на СП се из­јас­ни­ле де­ка е до­ста те­шка па­те­ка. Кај нас до­а­ѓа­ле ка­ја­ка­ри од нај­ви­сок ранг, свет­ски ими­ња, приз­на­ти и поз­на­ти ка­ја­ка­ри, ка­ко Шон Пирс, свет­ски­от пр­вак од 1991, Ан­драж Вер­хо­вар со сре­брен ме­дал од Олим­пи­ски­те игри од Ат­лан­та 1996 го­ди­на, по­тоа и двој­ни­от свет­ски пр­вак Пе­тер Ка­у­зер од Сло­ве­ни­ја… Са­ка­ат да учес­тву­ва­ат на ИКАС би­деј­ќи Ма­тка има сво­ја ма­ги­ја – до­да­ва ма­ке­дон­ски­от ре­пре­зен­та­ти­вец.

Се­пак, Ата­нас по­тсе­ту­ва де­ка на па­те­ка­та ѝ тре­ба „шмин­ка“. Со скром­на ин­ве­сти­ци­ја, Ма­тка по­втор­но ќе бле­ска во си­от сјај.

- Ќе го ци­ти­рам гер­ман­ски­от тре­нер што се­га ја пред­во­ди ка­зах­стан­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја, кој ве­ли де­ка па­те­ка­та на Ма­тка ну­ди из­во­нред­ни ус­ло­ви за ка­јак на ди­ви во­ди во долг пер­и­од од го­ди­на­та. И во ја­ну­а­ри и во де­кем­ври мо­же да се тре­ни­ра. Има­ме уба­во сон­че­во вре­ме во по­долг пер­и­од и ако ин­ве­сти­ра­ме, осо­бе­но во спорт­ски­от комп­лекс на Ма­тка и во тој на ре­ка­та Вар­дар, би мо­же­ле за не­ко­ја го­ди­на да се ра­ду­ва­ме и на свет­ски пр­ва­ци. Со мно­гу ма­ла ин­ве­сти­ци­ја во ин­фра­стру­кту­ра­та на об­је­ктот, што го по­се­ду­ва Ка­ја­кар­ска­та фе­де­ра­ци­ја, би мо­же­ле да по­стиг­не­ме мно­гу. Тре­ба са­мо да се ре­но­ви­ра­ат гар­де­ро­би­те, кан­це­ла­ри­и­те, да се об­но­ват туш-ка­би­ни­те, што не е пре­го­лем за­фат за да има­ме по­до­бри ус­ло­ви не са­мо за нас, актив­ни­те нат­пре­ва­ру­ва­чи, ту­ку и за да прив­ле­че­ме но­ви та­лен­ти – ве­ли Ни­ко­лов­ски.

sport83-IKAS-4

Ка­ја­кот е љу­бо­вта на Ата­нас, а тан­цот му е но­ва сим­па­ти­ја

Ни­ко­лов­ски дру­га­ру­ва со ка­ја­кот од 6-го­диш­на во­зраст ко­га на воз­бу­ду­ва­ња­та на ди­ви во­ди го од­нел не­го­ви­от та­тко. От­то­гаш, ка­ја­кот му е не­разд­во­ен дру­гар око­лу две и пол де­це­нии. Ка­ја­кот е дол­га љу­бов, а но­ва сим­па­ти­ја од не­о­дам­на му е тан­цот. Со тан­чер­ка­та Јо­ва­на Ва­си­ле­ва по­бе­ди­ја на по­пу­лар­но­то шоу „Танц со ѕвез­ди­те“.

– Љу­бо­вта кон ка­ја­кот ми е од та­тко ми, кој е по­ра­не­шен ре­пре­зен­та­ти­вец на Ју­гос­ла­ви­ја. Од 6 го­ди­ни тре­ни­рам, а 12 ме­се­ци по­доц­на на ре­пуб­лич­ко пр­венс­тво осво­ив ме­дал со Ла­зар По­пов­ски, кој то­гаш има­ше 12 го­ди­ни. Долг пер­и­од сум во овој спорт, за­до­во­лен сум од ус­пе­си­те и се на­де­вам де­ка до­стој­но ја прет­ста­ву­вам др­жа­ва­та. Ка­ја­кот во­оп­што не е ле­сен, но­си ри­зик и при­па­ѓа во ек­стрем­ни­те спор­то­ви. Се­ка­ко, одам­на е олим­пи­ски спорт и е мно­гу атра­кти­вен, осо­бе­но во пос­лед­но вре­ме ко­га ек­стрем­ни­те спор­то­ви се сѐ по­по­пу­лар­ни. Со ка­ја­кот се дру­жам дол­ги го­ди­ни, а тан­цот ми бе­ше мно­гу те­шко да го на­у­чам. Но, бе­ше ин­те­рес­но во „Танц на ѕвез­ди­те“ и ќе про­дол­жам да се усо­вр­шу­вам и на тоа по­ле – ни из­ја­ви Ни­ко­лов­ски.

Ма­ке­до­ни­ја има од­лич­ни ус­ло­ви за раз­вој на ка­јак на ди­ви во­ди, спорт во кој одам­на сме до­бро ран­ги­ра­ни.

- Од по­че­то­ци­те на ка­ја­кар­ски­от спорт во Ма­ке­до­ни­ја, уште од пе­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, на­ши­те нат­пре­ва­ру­ва­чи се ме­ѓу нај­до­бри­те, ако не и нај­ус­пеш­ни во кон­ку­рен­ци­ја на то­гаш­ни­те ре­пуб­ли­ки во Ју­гос­ла­ви­ја. По­тоа, по оса­мо­сто­ју­ва­ње­то, бев­ме ме­ѓу нај­до­бри­те на Бал­ка­нот. Има­ме на­стап на не­кол­ку олим­пи­ја­ди, Ла­зар По­пов­ски че­ти­ри­па­ти учес­тву­ва­ше на Лет­ни игри, ед­наш и јас бев ме­ѓу олим­пиј­ци­те и се на­де­вам де­ка тој тренд ќе про­дол­жи. Ду­ри ве­ру­вам де­ка ид­ни­те ге­не­ра­ции ќе нѐ над­ми­нат со ус­пе­си­те и со до­бри­те ре­зул­та­ти на го­ле­ми­те нат­пре­ва­ру­ва­ња – истак­на Ни­ко­лов­ски.

 

(Пишуваат: Вла­до Оцев­ски и Зоран Поповски | Фото: Игор Ангеловски
Текст објавен во 83. број на неделникот „Република“, 4.04.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top