Пичес Гелдоф, ќерката на музичарот Боб Гелдоф, почина на 25 години. Младата британска џетсетерка и ТВ-водителка била пронајдена мртва во својот стан. Причината за смртта уште не е позната.
– Засега нејзината смрт се третира како изненадувачка и не е објаснета – соопштија од полицијата, а објави „Би-Би-Си“.
Пичес Гелдоф е позната како разгалената ќерка на славниот музичар. Соработувала со неколку британски медиумски куќи, а работела и како модел. Досега двапати се мажела, а со сегашниот сопруг, музичарот Томас Коен, има два сина.
Во 2008 година таа се предозирала, но тогаш ја спаси еден пријател. Нејзината мајка Пола Јетс во 2000 година почина од предозирање.
Пред неколку години „Ултимо“ го раскина договорот со Гелдоф бидејќи беа објавени фотографии на интернет на кои таа била гола, а лицето што ги објави тврдеше дека Британката на тие слики биле издрогирана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.