| четврток, 6 декември 2018 |

Сѐ е во ред со македонските ученици сместени во хотелот „Топ“ во Прага

top hotel ceshka

Македонските ученици што прстојуваат во хотелот „Топ“ во Прага се во ред. Тие остануваат во истиот хотел, во кој ноќеска имало пожар.

Се работи за хотел во кој во моментот има 3.000 гости. Од училиштето велат дека во еден од блоковите на хотелот утринава, околу  4 часот, се запалил помошен кревет, но огнот веднаш бил локализиран. Во истиот хотел, но во сосема друг блок биле сместени учениците од гимназијата „Ѓорги Димитров“.  Со учениците сѐ е во ред и нивното крило воопшто не било евакуирано.

– Учениците се во ред. Воопшто немале никаков контакт со пожарот. Тоа е голем хотел, со многу гости. Нашите ученици втора ноќ престојуваа во хотелот „Топ“ и остануваат таму и вечерва – велат од училиштето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top