Во целост ви го пренесуваме интегралниот текст од претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен претседател, Ѓорге Иванов од вечерашниот митин во Дебар.
Добровечер за ВМРО-ДПМНЕ и за коалицијата „За подобра Македонија“!
Добровечер за премиерот Груевски, за министрите, и за кандидатите за пратеници,
Добровечер за Тимот Македонија,
Во овие 5 години често ве посетував во Дебар. Доаѓавме на празници, за Велигден, за Рамазан, на Ифтар. Доаѓавме да видиме како напредувате, како успевате во животот. Но бев тука и кога се случи свлечиштето, и кога заедно со Армијата помогнавме да расчисти патот.
Во Дебраско дојдов да помогнам и кога граѓаните од Косоврасти се соочија со проблем. Преку проектот „Спортски бонтон“, ги донесовме тука младите од многу места од Македонија, да го видат соживотот во Дебар. Заедно со учениците од Дебар да учат, да се запознаваат меѓу себе. Заедно бевме и во Џамијата и во црквата.
Дебар е познат по својот соживот. Традиција од нашите предци, која треба да ја сочуваме за нашите потомци. Затоа често доаѓав во Дебар.
Но доаѓав и затоа што пред 5 години дадовте многу повеќе гласови за мене, отколку за кандидатот на опозицијата. Верувам дека тоа ќе се случи и сега.
Доаѓам после 5 години, оној истиот како што ме знаете: чесен, искрен и вреден. Затоа имам чист образ, повторно од вас да ја барам довербата. Доверба, да бидам Претседател на Република Македонија. Претседател на сите граѓани од Република Македонија.
За овие 5 години, бев во многу светските метрополи. Повеќе од 100 официјални и работни средби на други држави, средби со други државници. Но, ги пречекував и странските државници, пријатели и поддржувачи на Македонија. Повеќе од 40 официјали и работни посети на претседатели на други држави на Македонија.
Но остварив и многу средби со македонските иселеници, од кои многумина се токму од Дебар. Луѓето, без разлика дали се Македонци, Албанци, или Турци, секогаш пројавуваат желба за својот роден крај, прашуваат како можат да помогнат. Нив ќе ги гледаме многу почесто во иднина. Затоа што Дебар е дел од програмата на Владата, со цел во Дебар да се создадат услови за подобар живот. Повеќе вработување за младите, поквалитетно образование за младите, спокојна старост за пензионерите, субвенции за земјоделците и за сточарите. Секој да почувствува дека нешто во Македонија се менува.
Се менува затоа што економијата во Република Македонија расте. Тоа е затоа што како тим работиме посветено, вредно и со љубов за Македонија и македонските граѓани. И се што е во нашите програми се е и во отчетот. За се што сме сработиле, даваме отчет.
Сега, со нова програма доаѓам за нова доверба. Доверба од вас. Да бидам вашиот глас. Сето она што го чувствуваат граѓаните на Македонија, да знам како да го пренесам на местата каде што се зборува за Македонија. Каде се креира иднината на Македонија. Македонија во Европа, но и Европа во Македонија.
Покажавме дека и во услови на најголема криза од 2008 година, кога се работи тимски, кога работат заедно Претседателот, Премиерот, министрите, градоначалниците, може да се менува Македонија. Да се менува на добро.
И затоа доаѓаат големи инфраструктурни зафати, како што е и автопатот Кичево-Охрид, каде ќе се отворат работни места за многу луѓе. Исто така, се развиваат сите регионални проекти. Насекаде низ Македонија се градат фабрики, се отвораат нови работни места. Тоа е новиот лик на Македонија.
Се надевам, дека во идниот период, доколку ја добијам вашата доверба, повторно често ќе ве посетувам и ќе го промовирам соживотот на Дебар. Ќе ја промовирам меѓуетничката и меѓурелигиската соработка, која со векови трае и опстојува во Дебар. По тоа е Дебар препознатлив, и по тоа ќе остане.
Да сте живи и здрави ! Да живее Дебар! Да живее Република Македонија!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани