Претседателот Иванов во рамки на својата изборна кампања ги посети жителите на Центар Жупа.
Во Центар Жупа Иванов ја претстави својата изборна програма, и врз основа на понудените проекти, кои подразбираат реални обврски, ја побара довербата од жителите на претстојните претседателски избори.
На средбата со жителите од овој крај, претседателот Иванов беше запознаен со напорите за подобрување на инфраструктурата во оваа општина, како и со проблемите со кои се соочува локалното население.
Иванов истакна дека, како и досега, така и во иднина, потребите и интересите на граѓаните секогаш ќе имаат приоритет во неговата агенда. Актуелниот претседател посочи дека и натаму во рамки на своите надлежности ќе работи на создавање нови можности за македонската економија, со цел подобар животен стандард на сите граѓани во Република Македонија и рамномерен развој на сите населени места.
Во разговорите со жителите, Иванов посочи дека овој крај располага со одлични природни потенцијали, кои треба соодветно да се стават во функција на економскиот, како и туристичкиот развој на општината.
Жителите на Центар Жупа ги поздравија инвестициите во патната инфраструктура, како и изградбата на спомен-домот на родителите на Мустафа Кемал Ататурк, како особено важни за развој на локалниот туризам во општина Жупа. Воедно беше изразено задоволство од најавената реконструкција на регионалниот пат Мелнички мост-Центар Жупа, како делница која ја поврзува општината со останатите населени места во државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани