| четврток, 6 декември 2018 |

Во регионална полициска акција фатени крадци на податоци од кредитни картички

bosna_policija

Во заедничка операција на полициите од седум драви под името „Нишава 2014“ запленети се поголемо количество девизи и така наречен „скинер“ апарт, што се користи за кражба на податоци од платежните картички на банкоматите, изјави денеска во Димитровград началникот на Управата на граничната полиција на Србија, Ненад Бановиќ.

Како што јави Танјуг, во операцијата на полицијата од Србија, од Македонија, од Албанија, од Босна и Херцеговина, од Хрватска, од Бугарија и од Словенија, која во пограничниот регион меѓу Србија и Бугарија траеше седум дена и денеска заврши, запленети се 47.000 долари и 13.000 евра, а спречен е и шверц на помало количество на дрога.

Во акцијата спроведена во рамките на програмата за соработка на полициите од земјите од Западен Балкан во организација на Демократскиот центар за контрола на вооружените сили (ДЦАФ) учествувале вкупно 15 полицајци. Целта на операцијата е подобрување на соработката и довербата меѓу полициите на овие земји, сузбивање на илегалното преминување на границите и другите облиции на пограничен криминал. 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top