Претседателот Иванов денеска оствари средба со жителите на с. Жировница.
Жителите на Жировница го поздравија претседателот Иванов и изразија поддршка за неговата досегашна политика во однос на стратешките цели на Република Македонија, како и за неговата посветеност на интересите на граѓаните.
Претседателот Иванов пред жителите на Жировница ја претстави својата изборна програма и посочувајќи дека се што беше ветено пред пет години е доследно реализирано, ја побара довербата за нов петгодишен мандат.
Иванов го поздрави меѓуетничкиот соживот во Жировница, и посочи дека и во иднина доколку остане на функцијата Претседател ќе биде посветен на унапредување на македонскиот модел на соживот, бидејќи во него е силата на Македонија и единството на народот.
Иванов истакна дека благодарејќи на тимската работа и постојаните реформи со сите области, Република Македонија добива изглед на економски развиена и современа европска држава. Во таа насока беа поздравени напорите за основање на индустриски зони во овој регион и создавање можности за нови вработувања.
На средбата со граѓаните, претседателот Иванов беше запознаен со проектите кои ги спроведува локалната самоуправа со цел унапредување на севкупниот живот во Жировница, како и со тековната реализација на инфраструктурите проекти.
Посочувајќи ја важноста од соработката на централната и локалната власт, Иванов истакна дека и во иднина ќе ги поддржува сите проекти и иницијативи кои се во функција на задоволување на потребите на граѓаните во сите населени места.
По повод христијанскиот празник Свето Благовештение (Благовец), претседателот Иванов го посети манастирот „Св. Јован Бигорски“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани