| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кисела Вода легализирани уште 48 објекти

kisela-voda

Во општина Кисела Вода се легализирани уште 48 објекти изградени на диво, со што вкупниот број решени предмети за легализација достигна 2.586.

Вкупниот број доставени предмети за легализација во Општината изнесува 11.874.

Од Општината информираат дека со кадровското и техничко доекипирање на Одделението за легализација на дивоградбите се создадени можности за поголема динамика на решавање на предметите, но оти процесот е оневозможен без геодетските елаборати кои треба да ги достават граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top