| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбени цркви во Тетовско

Продолжува серијата грабежи на црквите во тетовско. Вчера биле обиени црквите во селата Ратае и Туденце и направена штета од околу 10.000 денари.

Тетовската полиција извести дека во „Свети Атанасиј“ во Ратае провалниците направиле отвор во алуминиумскиот дел од влезната врата. Во црквата нашле околу 600 денари прилози оставени од верниците. Потоа провалиле и во шупата на црквата, но таму не нашле ништо. Во оваа црква штетата се цени на околу 3.000 денари.

На истиот начин била ограбена и црквата „Света Петка“ во Туденце од каде непознатите сторители одзеле околу 10.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top