Македонскиот фествал на фолклорни песни го прославува 30-годишниот јубилеј. „Фолк-фест Валандово“ годинава ќе биде вистински предизвик за изведувачите.
Имено, првите три награди на фестивалот, од каде што низ годините излегоа многу фолк-хитови, годинава ќе изнесуваат 45.000 евра, исто како тие на „Скопски фестивал“ и „Макфест“.
Победникот ќе однесе 20.000 евра, второто место ќе вреди 15.000, а третото 10.000 евра.
Од годинава се враќа и стариот концепт со две полуфинални и една финална вечер.
Поради реновирање на сцената каде што традиционално се одржува, летната сцена при Домот на културата „25 Мај“ во Валандово, валандовскиот фестивал наместо во мај, ќе го има своето издание во септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


