На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска ќе биде отворен првиот Саем за вработување и за практика „Контакт“ во организација на Студентскиот парламент при ФЕИТ.
На првиот ден од саемот ќе се организира и форумска расправа на тема „Соочуваме аргументи на тезата: пресекот меѓу стручните познавања на дипломецот и побарувањата на стопанството е празно множество“, на која ќе учествуваат студенти, професори и претставници на компании.
На саемот ќе се презентираат компании од енергетскиот и ИТ секторот, автоматиката, телекомуникациите, електрониката, како и банки. Саемот ќе трае до 9 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.