Новиот Закон за вработување на младите до 29 години веќе ги носи првите резултати. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг во Тетово истакна дека со овој закон се отвора одлична можност за вработување на младите, но и се олеснуваат работодавачите преку ослободување од плаќање на персонален данок на доход, придонеси за здравство и пензиско осигурување во висина од околу 34% од бруто платата.
-Тоа е охрабрување да што повеќе млади луѓе се вработат. Секако негова обврска е да ги задржи најмалку уште една година откако ќе ги искористи овие средства . За овој проект досега се пријавени голем број на фирми со над 700 вработувања. Веќе првите ефекти доаѓаат и ја верувам дека во наредните две години ќе има уште поголеми ефекти во ова мерка, нагласи Груевски.
Тој додаде дека за младите се предвидени и низа други проекти во новата прогрма на ВМРО-ДПМНЕ, како што е проектот со кој секој четврток младите ќе може да користат бесплатни билети.
-Ќе се користат бесплатни билети за театри за државните кина, за јавниот превоз за железница или јавниот превоз онаму каде што во градовите го има, бесплати билети за другите јавни институции и еднаш месечно во еден викенд ќе имат бесплатни билети и за возовите во двата правци било каде во државата, посочи Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии