| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: За 5 проценти годишно зголемување на платите, пензиите и социјалната помош

Во новата програма се предвидува секоја година зголемување на пензиите за 5 проценти, севкупно за 4 години 21,5 отсто зголемување на пензиите, на сите пензионери независно од која вера и етникум е.

Ова вечерва го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Гостивар каде беше промовирана новата програма за следните четири години.

-Оваа прогрма предвидува зголемување на социјална помош на секој граѓанин кој е примател на социјална помош за пет посто секоја година, четири години тоа ќе значи 21,5 проценти. Оваа програма предвидува зголемување на платите во државниот сектор платите на полицајците, на наставниците и професорите, платите на здравстените работници, на оние што работат во железничкиот сообраќај, на сите вработени во целиот јавен сектор, сите оние кои ни помагаат во секојдневниот живот и што се грижат за Македонија и за нив е предвидено секоја година почнувајќи од оваа да се зголемат платите за пет проценти,  севкупно 21,5 отсто, нагласи Груевски

Тој истакна дека ова е тоа конкретното за кое станува зборво програмата, каде има 2046 проекти кои се добро обмислени и насочени кон решавање на проблемите на граѓаните и подобрување на животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top