Подготвуваме програма и потоа сме целосно фокусирани, целиот тим предводен од премиерот Никола Груевски. И сега имаме програма која е на 380 страни и содржи над 2000 проекти и ветуваме дека ќе работиме за создавање на 64.000 работни места во следниот мандат базирано на проекции на сето она што сме го сработиле и ќе го сработиме.
Ова попладнево го истакна носителот на листата во ИЕ 6 од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски на митингот одржан во Гостивар.
-Би сакал да спомнам дека со овие проекти сакаме да ја намалиме невработеноста од 28 на 22 проценти и тоа е реално и пресметано. Има проекти за секој од вас тука, ќе имаме проект за најранливата категорија на граѓани за отпис на долговите, даночните обврски ќе им бидат одземени и еднократно ќе бидат ослободени од долговите во кои западнале. Планирана е помош за земјоделците, а оваа Влада е таа која прв пат сериозно се занимава со поддршка за земјоделците и воедно ветуваме по 150 милиони евра годишно субвенции за земјоделците, нагласи Попоски.
Попоски посочи дека ќе се завршиизградбата на проектот за станови и куќи за лица од социјален ризик, а во Гостивар ќе бидат изградени 70 станбени единици, а ќе се работи и на рехабилизација на системот за наводнување во Горни Полок.
Носителот на листа во шестата ИЕ од ВМРО-ДПМНЕ додаде и дека планирано е отворање на 30 нови фабрики кои ќе отворат можност за нови вработувања, нагласувајќи дека ќе се потрудат најмногу од нив да бидат отворени во гостиварскиот регион.
Воедно Попоски ги повика граѓаните на овие претседателски и парламентарни избори да дадат поддршка за двојна победа, за Иванов и за мнозинство во парламентот од страна на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Попоски и Димитров на „Топ тема“ ќе дебатираат за надворешната политика
-
Попоски: За разлика од Македонија, Бугарија си ги заштити своите интереси
-
Попоски: Веруваме дека договорот со Бугарија може да биде подобар без да се наштети никому
-
Никола Попоски: Потребата за договор е наметната од страна на Бугарија (видео)


