| четврток, 6 декември 2018 |

Ева Браун можно е да била Еврејка

Новите ДНК докази, земени од четката за коса на љубовницата на Хитлер Ева Браун покажуваат дека таа можеби по потекло била Еврејка, пишува „Дејли меил“.

Кога Адолф Хитлер и Ева Браун извршиле самоубиство во неговиот бункер на крајот на Втората светска војна, таа била негова љубовница повеќе од 12 години и сопруга само 40 часови.

Но изгледа дека и покрај сето време кое го минале заедно, таа можеби од Хитлер криела многу важна семејна тајна и дека човекот кој истребил милиони Евреи за време на војната бил вљубен во жена со еврејско потекло.

Резултатите од ДНК анализата покажуваат можна еврејска врска од мајчина страна. Научниците тестирале примероци од влакната пронајдени на четката со која се чешлала Ева Браун и која е пронајдена во резиденцијата на Хитлер на Алпите. Тие пронашле специфичен ген, пренесен по мајчина страна N1b1 кој е „силно“ поврзан со Ашкенази Евреите, кои претставуваат 80 отсто од еврејското население во светот.

Иако се верува дека веројатноста дека косата и припаѓа на Ева Браун е многу голема, единствен начин тоа апсолутно да се докаже е да се земе приперок на ДНК од брис од еден од нејзините два преживеани женски потомци, но обете тоа одбиле да го сторат, поради што се уште постои елемент на мистерија. На четката за коса се иницијалите на Ева Браун.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top