| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје пеницилин за Хрватите

По паузата од две седмици Аеродромци се вратија со победа во Домот на Дражен Петровиќ во Загреб против Цедевита од 80-78

Македонскиот првак МЗТ Скопје во Загреб ја обезбеди 11. победа во 21 коло од деби изданието од Јадранската кошаркарска лига. Аеродромци попладнево славеа во неизвесна завршница во мечот во Загреб против Цедевита со 80-78 и се изедначија со Унион Олимпија на делба на седмото место на табелата.

Сите 40 минути во Домот на Дражен Петровиќ беа резултатска клацкалка, со пет предност за Цедевита на полувреме (41-36) и со истите 5 разлика (76-71) на 2 минути и 20 секундо до крајот на средбата. Но од тој миг МЗТ Скопје демонстрира ментална и физичка сила за целосен пресврт кој дојде со серија од 7-0 или вкупни 9-2 за триумф од 80-78.

МЗТ беше без Оташевиќ и Николиќ, а тренерот Алеш Пипан се потпре на нашите репрезенативци кои беа поентерски изедначени: Николовски 15, Дамјан Стојановски 14, Гечевски и Огнен Стојановски по 13 поени. Најефсикасен во дуелот беше Билан со 19 коша.

МЗТ Скопје следната сабота во Борис Трајковски ја дочекува водечката Игокеа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top