| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе игра ли МЗТ Скопје во Либан?

Либанскиот тим Ал Ријад, најверојатно, ќе го заземе местото на унгарскиот Солнок, кој оваа сезона го завршува своето учество во Јадранската лига.
Тренерот на тимот од Бејрут, Слободан Суботиќ, најави  дека клубот веќе испратил официјално барање до раководството на АБА.
– Откако дојдов во Бејрут, челниците на клубот почнаа да ме распрашуваат како да се вклучиме во регионалното натпреварување. Бев директен и реков дека единствената варијанта е да бараме  „вајлд-кард“ и да платиме за своето место. Клубот ме послуша и испрати барање – изјави Суботиќ.
За Ал Ријад не е проблем тоа што доаѓа од друг континент, бидејќи сличен беше и случајот со Макаби, кој  учествуваше во АБА-лигата.
– Бејрут, како дестинација, се вклопува во правилата на Евролигата под чијашто капа е и АБА-лигата. Градот-домаќин треба да биде оддалечен најмногу четири часа лет од Франкфурт, а ние сме 3.49 часа. Исто така, ако стане дел од АБА-лигата, клубот треба да обезбеди спонзори, кои на противниците ќе им платат чартери, а и две ноќевања – додава српскиот стручњак.
Засега, генералниот менаџер на АБА, Роман Лисац не ги потврдува овие информации, но не ги демантира. Конечната одлука во врска со Ал Ријад треба да биде донесена пред завршниот турнир од АБА-лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top