| четврток, 6 декември 2018 |

Со реми против Исланд до Европско првенство во Австрија

Младата ракометна репрезентација на Македонија вечерва против Исланд го игра пресудниот натпревар од 3.коло од квалификациската група 7 за пласман на Европското првенство во Австрија.

Дуелот Македонија – Исланд почнува во 19 часот.

 

По двете победи против Италија и Грција Македонија вечерва го игра во пресудниот меч за пласман на Европското првенство во ракомет за играчи до 20 години.

Исланд,  кој беше фаворит на турнирот, завчера неочекувано загуби од Грција со 20:19, а вчера ја победи Италија со 31:21.

 

По двете кола, Македонија е лидер во групата,  а на шампионатот во Австрија одат само победниците на групите.

Табела: Македонија 4 бодови, Исланд 2, Грција 2, Италија 0.

Влезот во СРЦ „Кале“ во 19 часот е слободен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top