| четврток, 6 декември 2018 |

Бегалец станал шеф на музеј и украл 500.000 долари

затвор

Владимир Прокоп, бегалец од чешки затвор, успеал да се вработи како шеф на економска служба во еден музеј, од каде што украл околу 500.000 долари.

Како што пренесуваат медиуми, тој повторно успеал да ѝ побегне на полицијата.

Прокоп минатото лето побегнал од затворот, во кој издржувал казна поради проневера на голема сума пари додека работел во Евангелистичка црква, каде што бил задолжен за странски донации.

Со помош на лажен идентитет се вработил во Националниот музеј за земјоделство, претставувајќи се како економист со искуство и успеал да украде околу една третина од годишниот буџет од таа институција. Полицијата парите ги пронашла во неговиот стан, но него не успеала да го фати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top