| четврток, 6 декември 2018 |

Кралското бебе тргна на своето прво патување

 Family Cambridge Portrait

Малиот британски принц Џорџ има само осум месеци, а веќе замина на своето прво патување во странство, со родителите Вилијам и Кејт. Џорџ вчера со родителите тргна на тромесечна турнеја по Австралија и Нов Зеланд.

Ова е прво патување на принцот, трет по ред за наследување на престолот.

На исто такво патување беше и неговиот татко во 1983 година со својот татко пронцот Чарлс и мајка му Дијана, кога имал девет месеци.

Родителите на малиот Џорџ имаат исполнет дневен ред со средби, комеморативни церемонии и оддавање почит на локалните култури.

Во придружба на двојката има околу 12 лица, додека Чарлс и Дајана во 1983 биле опкруужени со дваесетина членови придружба, на патувањето што траело шест недели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top