Вчера во слаткарницата „Грин“ на ул.„Илинденска“ во Куманово непознат сторител, маскиран и со ножици в рака ѝ се заканил на вработената дека ќе ја нападне ако не му даде пари. Вработената му се спротивставила, по што сторителот побегнал.
По преземените оперативни мерки е утврдено дека сторителот е Д.Б.(31) од Куманово и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок за него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.