Граѓаните кои демонстрираа во Софија ги палеа сметките и ја обвинија владата поради тоа што не успеала да го поправи нивниот се полош животен стандард и да ги заштити од странскиот монопол за дистрибуција на енергијата.
Тие бараат да им се одземат дозволите за работа на трите странски дистрибутери кои го контролираат домашниот пазар на струја, Чешки ЧЕЗ, австриски ЕВН и Енерго Про.
Владејачката партија на Бојко Борисов која победи на парламентарните избори во 2009 година константно ја губи поддршката поради лошата економска ситуација која е најлоша во последните десет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.