| четврток, 6 декември 2018 |

Авиони и бродови се упатија кон местото на детекција на сигналот во Индиски Океан

Авиони и бродови вклучени во меѓународната потрага по исчезнатиот авион на компанијата „Малезијан ерлајнс“ се упатија кон подрачјето каде што кинески брод во изминатите два дена детектираше сигнали, кои би можеле да бидат од локаторот, кој го емитува црната кутија од леталото, соопштија денеска австралиските власти.

– Денеска авиони на Австралиските кралски воздухопловни сили ќе се приклучат како помош во понатамошното испитување на акустичните сигнали во близина каде кинески брод ги детектираше звуците. Бродот „Ехо“ и пловилата на Австралискиот океански одбранбен штит, исто така, се упатија за да се придружат на „Хаиксун 01“ колку што е можно побрзо за да помогнат во детекцијата – изјави шефот на Координативниот центар за заедничка акција Ангус Хјустон, пренесува „Танјуг“.

Сепак, Хјустон дополни дека не е потврдено дека електронските импулси припаѓаат на исчезнатиот авион.

Кинеската новинска агенција Синхуа синоќа соопшти дека патролниот брод „Хаиксун 01“ во јужниот дел на Индиски Океан открил „пулсен сигнал од 37,5 килохерци, што е иста фрекфенција која ја емитуваат уредите кои снимаат податоци од летот на авионот во кокпитот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top