
Недела започнува врнежливо. Пороен дожд и грмежи во раните утрински часови се очекува локално во јужната половина од земјата, пред се на југоисток. Според прогнозата на Метеопро, дождливото време ќе продолжи речиси во текот на целиот ден со повремени паузи. Позначителен престанок на врнежите очекуваме дури во вечерните часови. Повторно ќе има локални електрични празнења.
Утрото ќе биде релативно топло. Минималната температура низ котлините ќе има вредност во границите помеѓу 7°С и 10°С.
Денот ќе биде релативно топол со дневен максимум на температурата кој ќе биде во дијапазонот помеѓу 16°С и 19°С во поголем дел од котлините.
Во Скопје се очекува облачно време со врнежи од дожд кои ќе имаат променлив интензитет во текот на денот. Веќерта носи престанок на врнежите. Минималната температура ќе има вредност околу 8°С, а максималната околу 18°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


