| четврток, 6 декември 2018 |

Италијански „Дијатек“ влегува во Македонија

diatek

Италијанската фирма „Дијатек“ ќе отвори фабрика во Скопје – најави соноќа Премиерот Никола Груевски.
-Пред малку добивме официјална дозвола за објавување на информација од италијанскиот гигант во индустријата за машини за печатарска индустрија “Дијатек“ дека одлучиле за изградба на нивна фабрика во зоната во Скопје која ќе има директни 200 вработувања и голем број индиректни вработувања. Денеска и тие го објавиле тоа на својата страна. Благодарам за поддршката зашто без вас ова немаше да се случи, истакна Груевски на синоќешниот митинг во Скопје.

Премиерот истакна дека борбата продолжува, целите се исти. Силна Македонија, просперитетна Македонија, Македонија која ќе отвора нови работни места, ќе гради и ќе се грижи за своите граѓани.

-Нашата задача беше тешка, а беше дополнително отежната од економската криза и должничката криза. Тоа е сурова реалност. Кога дојдовме во Владата невработеноста беше 38% и илјадници семејства страдаа. Се зафативме со битката и успехот е видлив. До денес невработеноста е намалена за 10 процентни поени. Дали е доволно? Не. Може ли подобро? Да. Помошта да се создадат 120.000 работни места во 7,5 год е потврда за напорната работа на сите граѓани. Се обврзувам дека во текот на следниот мандат ќе работиме на создавање на нови 64.000 работни места. Ова ќе значи намалување на невработеноста за дополнителни 6 процентни поени, рече премиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top