| четврток, 6 декември 2018 |

Нова анкета: Ѓорге Иванов во убедливо водство пред Стево Пендаровски

Како граѓаните ја видоа претседателската дебата на МТВ, анкета на Павел Шатев по нарачка на „Република“

Веднаш по завршување на дебатата помеѓу претседателските кандидати емитувана на националната државна телевизија МТВ на 5 Април 2014 година институтот Павел Шатев на барање на порталот Република спроведе телефонска анкета помеѓу 507 испитаници кои ја следеле дебатата со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани за тоа кој од претседателските кандидати се претставил подобро и имал посилни аргументи при нивното соочување пред јавноста.

Со оваа анкета Институтот Павел Шатев воведува новина во политичките истражувања на јавното мислење во Македонија, иако овој тип на истражувања се доста чести во одредени држави како на пример САД, каде се познати како instant reaction polls и се спроведуваат веднаш после секоја телевизиска дебата помеѓу претседателските кандидати.

За таа цел Институтот Павел Шатев ангажираше 97 професионалци кои ги спроведоа анкетите веднаш по завршување на дебатата. Резултатите беа обработени непосредно по завршување на анкетата со цел во текот на истата вечер да и бидат достапни на македонската публика.

Истражувањето кое беше спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол, етничка припадност и возраст, но беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина. Анкетата е направена по барање на порталот Република и подлежи на статистичка грешка од +/- 4,35%

Дури 52,8 % од испитаниците сметаат дека актуелниот претседател е победник на дебатата, по него следува Стево Пендаровски со 15,2 % од гласовите.

 

 

  1. Генерално кој од кандидатите за Претседател сметате дека победи ?
Процент
Ѓорге Иванов 52,8
Илијаз Халими 8,9
Стево Пендаровски 15,2
Зоран Поповски 9,6
Ниту еден 7,4
Не знам 6,1
Вкупно 100

 

Прашани кој од кандидатите бил подобар во

дебатата во делот за името 54, 3 од испитаниците

сметаат дека подобри ставови за овој дел имал

кандидатот Иванов а 16,5 од нив својот глас го дале

за кандидатот Стево Пендаровски.

  1. Кој од кандидатите  сметате дека беше подобар  околу името?
Процент
Ѓорге Иванов 54,3
Илијаз Халими 5,7
Стево Пендаровски 16,5
Зоран Поповски 10,3
Ниту еден 7,3
Не знам 5,9
Вкупно 100

 

За економските политики дури 60 % од
испитаниците сметаат дека претседателот
Иванов имал поиздржани ставови а процентот
на тие што мислат дека Пендаровски има подобри
ставови за економските прашања е 11,4
  1. Кој од кандидатите  беше подобар во дебатата  околу економските политики?

 

Процент
Ѓорге Иванов 60,2
Илијаз Халими 9,5
Стево Пендаровски 11,4
Зоран Поповски 9,2
Ниту еден 5,9
Не знам 3,8
Вкупно 100

 

Во делот на надворешната политика 50,3 % од
испитаниците сметаат дека Иванов има подобри
ставови а 18,2 сметаат дека Пендаровски има
подобри согледувања за надворешната политика.
4.Кој од кандидатите  беше подобар  околу надворешна политика и безбедност?
Процент
Ѓорге Иванов 50,3
Илијаз Халими 6,5
Стево Пендаровски 18,2
Зоран Поповски 7,7
Ниту еден 9,8
Не знам 7,5
Вкупно 100

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top