| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Силна поддршка за проектите кои отвораат работни места

ivanov

Ќе обезбедувам политичка поддршка за сите проекти кои се во интерес на граѓаните, истакна вечерва претседателот и кандидат за иста функција, Ѓорѓе Иванов во дебатата на МРТ.
-Сето она што го правев во изминатите пет години ќе продолжам со зголемен интензитет. Иако не е со Уставот дадено, не е со Уставот ни одземено за ингеренциите во економијата. Каде и да одам, повторно ќе носам со мене бизнисмени и ќе правиме бизнис форуми да ги претставуваме потенцијалите што ги има Република Македонија за привлекување на странски инвестиции и обезбедување на нови пазари. Ќе обезбедувам политичка поддршка за сите проекти кои се од интерес за граѓаните на Македонија, истакна Иванов.

Тој образложи дека ќе ја даба својата максимална поддршка бидејќи таквата работа доведе да последните години се отворат 120.000 нови работни места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top