Кандидатот за претседател на на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, на вечерашната дебата на МТВ1 истакна дека ќе обезбедува политичка поддршка за сите проекти кои се во интерес на граѓаните.
-Сето она што го правев во изминатите пет години ќе продолжам со зголемен интензитет. Иако не е со Уставот дадено, не е со Уставот ни одземено за ингеренциите во економијата. Каде и да одам, повторно ќе носам со мене бизнисмени и ќе правиме бизнис форуми да ги претставуваме потенцијалите што ги има Република Македонија за привлекување на странски инвестиции и обезбедување на нови пазари. Ќе обезбедувам политичка поддршка за сите проекти кои се од интерес за граѓаните на Македонија – нагласи Иванов.
Тој образложи дека ќе ја даде својата максимална поддршка бидејќи таквата работа доведе во последните години да се отворат 120.000 нови работни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани



